Звукот на белите дробови на пациентот се слушаше низ целиот ходникот на клиниката. Како што се приближував до вратата, видов една група медицински персонал обидувајќи се да му го олеснат дишењето со неколку боци. Додека тој се мачеше за малку здив, ја видов оваа дланка што ја држеше и се обидуваше да му даде надеж.
Иако пациентот ја изгуби борбата по три дена, оваа фотографија продолжува да живее. Овој момент секогаш ќе живее со мене“, вака ја почна својата приказната фотографката Арбнора Мемети, која го фотографира емотивниот момент додека физиотерапевтот Велимир Тричковски го држи пациентот за раката на смртната постела.
Од почетокот на пандемијата досега, раскажува таа, поминавме низ многу тешки моменти. Огромен број животи се изгубени, а во тие последни минути секој посакува да има некого што барем ќе го држи за рака додека се бори за здив. Токму таков е Велимир Тричковски, вели таа за физиотерапевтот од Инфективната клиника.
Нејзината фотографија од емотивен момент додека Велимир држи за дланка пациент на смртната постела сега е пресликанa како тетоважа на раката на физиотерапевтот во чест на сите дланки што ги држел во борбата со Ковид-19.
Физиотерапевтот Тричковски на својот фејсбук-профил ги објави истите овие фотографии и напиша дека ги објавил неслучајно.
„Рака што помага. Во чест и сеќавање на сите дланки што ги држев за време на борбата со Ковид-19. Заслугите за оваа уметност одат за Арбнора Мемети и Inkspired tattoo studio Skopje“, вели Велимир.
Фото: Арбнора Мемети и Велимир Тричковски