Oлимпискиот пламен пристигна во Токио каде ќе се одржи церемонијата на отворање на Олимписките игри. Пламенот беше донесен пред празен стадион, откако јапонските власти одлучија да ги одржат Игрите без публика поради стравот од ширење на коронавирус.
Точно две недели пред отворањето на Олимписките игри на 23 јули, олимпискиот оган симболично му беше предаден на Јурико Коике, гувернерот на Токио.
📽️ The #OlympicTorchRelay is enjoying the ride in Chichibu, Saitama prefecture… literally 🚂
Check out the this @Olympics inspired train! 🔵⚫️🔴🟡🟢
Learn about torchbearer SUZUKI Hidetaro’s wish…
#Tokyo2020 | #UnitedByEmotion | #StrongerTogether | #HopeLightsOurWay pic.twitter.com/UmhbN0oCxm— #Tokyo2020 (@Tokyo2020) July 8, 2021
Олимписките организатори и јапонските власти во вчера објавија дека нема да има гледачи на спортските настани во Токио. Јавноста ќе може да следи некои натпревари надвор од Токио.
Ова значи дека Олимписките игри, кои беа одложени за ова лето минатата година, поради пандемијата на коронавирусот, ќе бидат првите игри во историјата што ќе се одржат пред празни трибини.