Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, стана татко. Веста дека добил син на Петровден ја објави на „Фејсбук“. Тој изјави и дека бебето и мајката се чувствуваат добро.
„Денес ми се роди син, станав татко. Фала му на Бога и на жена ми Соња Тодорова што ми дари син и што ме направи најсреќен татко на овој голем празник христијански. Сине, жив, здрав и среќен да растеш“, напиша тој.
Димче и Соња се венчаа во март, а на венчавката присуствуваа само нивните најблиски. Неколку месеци претходно, портпаролот откри дека ја побарал Соња за жена и дека чекаат бебе.