Со новите промени за кои размислува УЕФА, патот на Македонија за пласман на Европските првенства ќе стане уште полесен. Европската куќа на фудбалот размислува да го прошири бројот на репрезентации на Европските првенства на 32.
Оваа промена е планирано да важи од 2028 година. Досегашниот форматот е со 24 селекции, се игра од 2016 година. Од УЕФА велат дека на овој начин ќе се развива фудбалот, што е една од нивните приоритетни цели.
Со новите промени голем број на мали земји, токму како Македонија ќе имаат поголеми шанси да заиграат на континенталното натпреварување.
Нашата репрезентација за првпат во својата историја токму на ЕВРО 2020 за првпат се најде меѓу најдобрите европски селекции.