Помладиот син на Лепа Брена, Виктор, раскина со неговата девојка Сандра Милајковиќ со која беше две години во врска. Тој ги избриша сите нивни заеднички фотографии и престана да ја следи на Инстаграм.
Причината за нивното раскинување не ја открија, а последен пат биле видени заедно на забавата по повод повлекувањето на Саша Поповиќ и Лепа Брена од „Гранд“. Виктор и Сандра се разделија и пред две години, кога манекенката му нашла пораки во телефонот од друга девојка.
Тој сега е на одмор во Црна Гора со неговото семејство, додека Сандра била видена со пријателите на фестивалот „Егзит“ во Нови Сад.
„Сакам прво да се реализирам како Виктор Живојиновиќ, а потоа ќе направам свадба и деца. Имам 22 години и луѓето веќе би сакале да ме омажат. Во врската мора да има многу почит и искреност. Тоа е единствениот успех за врска“, рече Виктор за медиумите кога новинарите го прашаа дали планира брак со Сандра.
–