Кога позираат за на Инстаграм, се фотографираат речиси голи, во бикини кои повеќе сокриваат отколку што откриваат. Кога се навистина на плажа, носат дводелни и едноделни костими за капење што одговараат на нивните години и тело.
Нивниот костим за капење има многу модни детали, но се примерни за на плажа и луѓето околу нив. Инстаграм е едно, а реалниот живот е нешто сосема друго.
Погледнете што носат на плажа светските ѕвезди.
Емили Ратајковски
Младата и витка Емили носи дводелен костим, со интересен горен дел, со карнери во јарка боја.
Хејли Бибер
Таа е модел, исто така млада и витка, сопруга на една од најголемите светски ѕвезди. Хејли на летување често ги носи овие зелени бикини, кои го истакнуваат нејзиното атрактивно тело, но се доста пристојни, не откривајќи го она што не би требало.
Ким Кардашијан
Најпознатата старлета на светот често ги истакнува своите облини, понекогаш и непристојно. Сепак, во реалниот живот, иако носи бикини кои ги истакнуваат нејзините облини, сè си е на свое место.
Никол Шерзингер
Бикини со интересен дезен кои совршено ѝ прилегаат на витката пејачка, и повторно, сè си е на свое место.
Сара Сампајо
Португалската манекенка носи двонеделен костим за капење со цветен дезен. Нејзиниот костим за капење не е ни класично бикини, позатворен е, а на оваа фотографија направена на летување, Сара изгледа баш како и секоја нормална жена од нашето опкружување.
Ева Лонгорија
Познатата актерка, која важи за една од најубавите жени во светот, на одмор носеше тегет дводелен костим за капење, баш како што ѝ прилега на една жена од 46 години која ја задржала својата витка линија – не открива премногу, но не го ни намалува нејзиниот сјаен изглед.
Бела Торн
Американската актерка, модел и пејачка на одмор уживаше во едноделен црвен костим. Оваа 23-годишна девојка секако носи и бикини, но знае дека некогаш е најпријатно во едноставен едноделен костим за потполно уживање.
Хелен Кристенсен
Една од манекенките од „златната генерација“ и понатаму изгледа како модел, во својата 52 година. Во едноделен црн костим, малку провокативно деколте, но доста затворен долен дел, како да нè потсеќа на старото правило за атрактивност: деколте и мини-здолниште не одат заедно, или едно или друго.