Новиот директор на „Гранд“, Александар Милиќ Мили, купил нова вила и јахта во Турција за 1.500.000 евра. Тој и е прв комшија на пејачката Емина Јаховиќ, која исто така поседува луксузна вила. Тој деновиве со сопругата е на одмор во турскиот залив Гоџек.
Тие го виделе местото пред неколку години, кога биле на летување со Емина. Веднаш им се допаднала, а покрај вилата купиле и јахта од 600.000 евра.
За потсетување музичарот и продуцент Александар Милиќ- Мили од групата „Милиграм“ е новиот директор на продукцијата „Гранд“. Него за оваа позиција го избра Саша Поповиќ.
Мили, освен што ќе биде засилување во шоут ќе работи и со новите таленти на продукцијата, а кои, според него, ќе имаат потенцијал да станат вистински ѕвезди.