Љубовна драма во општина Карпош заврши со отказ на двајца вработени

Во општина Карпош, вчера, по претходна расправија, вработен бил нападнат со остар предмет по што интервенирала и полицијата. Причината наводно бил љубовен триаголник по што тоа се претворило во вистинска драма, сосе физичка пресметка, па дури и напад со остар предмет

Денеска, градоначалникот Богоев рече дека не се работи за советници од Советот на Општина Карпош, туку вработени во администрацијата и дека инцидентот бил надвор од Општината.

Тој вели дека вработените веднаш добиле отказ поради своето однесување. Вработената е во одделението за поддршка на Советот, па можеби затоа некој помислил дека се работи за советници од Општината“, вели Богоев.

И од МВР ја потврдија веста.

„На 26 јули во 11.30 часот е пријавено дека, по претходна расправија, С. А. (34) со остар предмет му нанел повреда на В. К. (37), двајцата од Скопје. Повредениот бил пренесен во ГОБ  ‘8 Септември’ за укажување лекарска помош. Од страна на полициски службеници од СВР Скопје било излезено на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот“, соопштија вчера од МВР.

Додаваат дека и на двајцата вработени, вклучени во настанот, веднаш им се прекинати договорите.

 

 

Scroll to Top