Македонскиот олимпиец во таеквондо, Дејан Георгиевски, стигна во Скопје. Со овации, Дејан, кој на Олимписките игри во Токио и освои сребрен медал за Македонија во категоријата +80 килограми, беше пречекан од многу граѓани на аеродромот. Вечерва, во 19.30, на скопскиот плоштад Македонија, ќе има организирано голем пречек за Георгиевски.