(Видeо) Овации за олимпискиот вицешампион, Дејан Георгиевски се врати во Скопје

Македонскиот олимпиец во таеквондо, Дејан Георгиевски, стигна во Скопје. Со овации, Дејан, кој на Олимписките игри во Токио и освои сребрен медал за Македонија во категоријата +80 килограми, беше пречекан од многу граѓани на аеродромот. Вечерва, во 19.30, на скопскиот плоштад Македонија, ќе има организирано голем пречек  за Георгиевски.

Scroll to Top