Златко Белиќ од Горњи Милановац во неделата се удави на како што ја нарекуваат „проколнатата плажа“ во Сарти. Овде само овој месец се удавиле околу десет лица, пишува „Блиц“.
Белиќ беше еден од менаџерите на рудникот за олово и цинк „Контанго“, поточно работеше како технички директор.
Во 11:30 часот, сопругата на жртвата се јавила во компанијата и соопштила дека тој се удавил.
– Тој се удави од брановите во плиткото, иако беше пливач. Не знаеме ништо, но чудно е за нас, тие брзо го извлекоа, а реанимацијата траеше 45 минути – велат тие.
Инаку, локалните медиуми наведуваат дека на градската плажа во Сарти, многу е важно да се биде внимателен и да се препознае феноменот „Rip current“ по кој е позната оваа плажа. Како што објаснуваат тие, тој феномен од копното изгледа како да се појавува „лента“ во морето.
„Ако некое лице го влече струја на тоа место, таа го влече на отворено море“, наведуваат локалните медиуми.
Како што објаснуваат, ако се најдете во оваа ситуација, многу е важно да бидете смирени, да ја држите главата над вода и никако да не пливате кон брегот.
„Тогаш дури ни професионалните пливачи не можат да излезат. Иако во моментот изгледа застрашувачки, потребно е да се остави ‘водата да ве носи’. Во еден момент струјата ќе попушти, па пливачот ќе биде исфрлен во близина на крајбрежјето и преостанува само да плива паралелно со брегот, никако кон него“, ги наведуваат локалните медиуми советите на спасувачите од Грција.
Препораката на спасувачите е да се обрне внимание на црвеното знаме, што значи да не се влегува во морето, поради јачината на струјата и големината на брановите. Особено е важно да обрнете внимание ако се најдете на ваква плажа со деца.