Под мотото „Македонија сака/има музика“, од денес до 2 август во Охрид ќе се одржи „Аларм фест“ на кој ќе настапат само македонски музичари.
На првиот ден на фестивалот концерти ќе имаат Ареа, Суперхикс, Бени и Нонстоп, ДНК, Ris Flower, The Backdoor band и Cut your nipple.
На 1 август, публиката ќе може да ужива во музиката на Галоски, Ампов, ЛД Пистолеро & Гоце Саф feat. Ронин, Слаткаристика, Donplaya & Bon Praskiza & Prince$$ Donatsu, Пајак, Мечкаров.
Третиот ден на фестивалот е за Леб и сол, Hardfaced, Паркети, Lufthansa, Cruel и Basement Cult.
„Аларм фест“ ќе се одржи на стадионот „Билјанини извори“, а организаторите велат дека ќе се почитуваат сите мерки за заштита од короната. Од секоја купена карта за фестивалот ќе се донираат средства за здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет”.