Пеењето под туш го подобрува расположението и го намалува стресот, тврдат психолозите

Експертите велат дека пеењето под туш има позитивно влијание врз нашето расположение и нè прави попродуктивни во текот на денот. Според едно неодамнешно истражување, тие утврдиле дека оваа активност ги прави луѓето посреќни и го зголемува нивото на енергија.

Луѓето кои учествуваа во истражувањето велат дека биле посреќни кога пееле под туш една недела отколку кога не пееле. Исто така, тоа имало влијание и врз нивниот поглед кон светот, односно тие биле почувствителни и имале повисоко ниво на емпатија за она што се случувало околу нив.

Мајкл Падреиг Актон, консултант и психолошки терапевт, вели дека резултатите од направената студија имаат смисла, бидејќи пеењето има моќ да го стимулира нашето расположение, додека различните температури на водата можат да влијаат да бидеме порелаксирани или да се чувствуваме подобро.

„Од психолошка и научна перспектива, пеењето го подобрува нашето расположение бидејќи нè принудува да го смениме ритамот на дишење. Кога пееме, треба да дишеме подлабоко. Ова го зголемува нивото на кислород во крвта и испраќа порака до мозокот дека сме подготвени да се смириме. Нашиот пулс се забавува, ни се намалува крвниот притисок, бидејќи крвните садови се релаксираат, па се чувствуваме посмирени“, појасни Актон.

Scroll to Top