Астероид што оди кон Земјата може сите да нѐ направи милијардери

НАСА откри астероид во вселената, кој е богат со благородни метали, нешто што сите на Земјата би можел да ги направи милијардери. Богатството што овој астероид го има во себе се проценува на 10.000 милијарди долари.

Астероидот е откриен уште во март 1852 година и е широк 200 километри. По повеќе од еден век, откако првпат бил откриен, тој сега се најде во фокусот на експертите на НАСА, кои планираат да почнат проект, кој се очекува да се оствари во 2022 година.

Тие сакаат да испратат специјално летало до астероидот со цел да ги проучат металите. Ова ќе биде прво такво истражување на ваков вид метали наместо на камен и мраз, што е вообичаена практика за ваквите мисии, велат од НАСА.

Тие планираат леталото да го испратат во 2022 година, а тоа да стигне до астероидот четири години подоцна во 2026 година.

 

„За разлика од повеќето други астероиди кои се карпи или ледени тела, научниците сметаат дека металниот астероид тип М се состои главно од железо и никел слични на оние што се наоѓаат на Земјата“, велат од НАСА.

Астероидот се наоѓа помеѓу Марс и Јупитер, а се верува дека дел од протопланетата била уништена од многубројни судири со други тела за време на формирањето на Сончевиот систем. Целта е да се реши мистеријата за потеклото на овој астероид.

Тим во Калифорнија разви карта за температура, која ќе им помогне на експертите на НАСА подобро да ги разберат својствата на површината на астероидот. Инфрацрвените слики на небесните тела обично даваат само фрагмент од податоците еквивалентни на еден пиксел, но истражувачите се надеваат на резолуција од 50 пиксели.

„Наодите се огромен чекор кон решавање на мистеријата за потеклото на овој необичен објект за кој некои мислеа дека е дел од јадрото на протопланетата што немала среќа“, велат истражувачите задолжени за неодамнешните студии.

Откриле дека површината на астероидот е најмалку 30 проценти метална, а површинските карпи содржат и помали парчиња метал.

Врз основа на снимките направени од телескопот „Хабл“, се проценува дека вредноста на скапоцените метали на астероидот е околу 10.000 милијарди долари.

Scroll to Top