(Фото) Нивес Целзиус на летување во Риека, старлетата се лади во Јадранското Море

Хрватската пејачка, старлета и писателка Нивес Целзиус (39) е на летување во Риека. Таа сподели фотографија како се лади во Јадранското Море. Фановите ѝ делат комплименти, но имаше и такви што ѝ порачаа да внимава за да не си ја скрши половината додека се фотографира.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nives Celsius (@nivescelsius)

За потсетување, Целзиус во 2008 година ја издаде својата автобиографија, „Гола вистина“, која беше прогласена за најпродавана книга во Хрватска.

Во книгата таа го опиша својот живот пред бракот со хрватскиот фудбалер Дино Дрпиќ со кого беше во врска од 2004 година. Парот се венча во Лас Вегас во јуни 2005 година. Во декември истата година тие го добија синот Леон, а две години подоцна и ќерката Таиша.

Scroll to Top