Таткото на Бритни Спирс, Џејми, се согласил веќе да не биде нејзин старател, пренесуваат светските медиуми. Џејми уште од 2008 година води грижа за неговата ќерка, откако судот пресуди дека поради нарушената ментална состојба, поп пејачката не може да се грижи самата за себе.
Со судска одлука, Џејми Спирс тогаш презеде контрола врз нејзиниот имот и други аспекти од животот. Бритни изминативе години бараше да се прекине старателството, опишувајќи го како злоставување.
„Ми беше ускратена желбата да имам уште деца и бев ставена на терапија со валиум спротивно на мојата волја“, кажа Спирс на судското сведочење во јуни годинава.
Џејми Спирс ги негираше сите обвинувања. Тој водеше сметка за нејзиниот имот и финансии и за неа како личност. Тој престана да се грижи за неа пред две години.
„Ова е голема победа за Бритни и чекор напред кон правдата“, изјави нејзиниот адвокат Метју Розенгарт.