(Видео) Битката кај Ханиоти

Српски туристи станаа хит на социјалните мрежи, откако во стампедо истрчаа да ги заземат најдобрите места во првите редови покрај морето веднаш штом се отвори плажата. Настанот се случи во Ханиоти, град лоциран во источниот дел на полуостровот Касандра, Халкидики во Грција.

Видоето од жестоката утринска тепачка беше објавена на Твитер. Таму се гледа како една жена додека брзаше изгуби рамнотежа и падна на глава, но никој од присутните не пријде да ѝ помогне. Друга жена која трчаше за да си обезбеди место на плажата доби прекорен поглед од друга жена која ѝ рече: „Застани жено!“.

„Јас мислев дека бегаат од пожар“, напиша еден од Твитер корисниците

Не сум задоволен. Мора побрзо од ова. Предлагам да ги пуштат наутро на отворено море за да видиме како ќе пливаат до лежалките. Борбена готовност „0“, се пошегува друг.

 

Scroll to Top