Руската гимнастичарка и освојувачка на златен олимписки медал, Алина Кабаева, во јавноста позната како и мистериозната љубовница на Владимир Путин, за една руската национална телевизија ги критикуваше судиите на Олимписките игри во Токио.
Аверина освои сребро во ритмичка гимнастика, а Кабаева смета дека била направена неправда, па го нападнала и настапот на освојувачката на златниот медал, Израелката Линој Ашрам, пишува „Мирор“, кој објави и снимка од нејзиниот настап на телевизија.
„Настапот на Аверина беше совршен. За разлика од нејзината ривалка од Израел, која направи голема грешка. Таа грешка требаше да вреди еден поен, но тие зедоа само 0,7 поени. Златни медали не се освојуваат со такви грешки. Им требаше шест минути за да ѝ дадат поени. Доцнењето значи дека судиите ги броеле бодовите и не сакале Аверина да ја победи израелската гимнастичарка“, рече Кабаева.
Руската гимнастичарка се повлече од јавниот живот кога во 2018 година почна да се шпекулира дека очекува близнаци со рускиот претседател Путин. Повеќе од две години е во илегала.
Сега за првпат повторно се појави во јавноста. Поранешната гимнастичарка беше членка на партијата на Путин, „Единствена Русија“ и шефица на Националната медиумска група, а наводно ја започнала врската со Путин пред 12 години.
При нејзиното појавување на телевизија, многу гледачи го забележале прстенот на нејзината рака што повторно предизвика гласини дека се омажила. Приватниот живот на Алина се смета за една од најголемите мистерии во Русија.
Таа и во минатото била видена со венчален прстен, но никогаш не се дозна дали поранешната гимнастичарка навистина е во брак или не. Гласините дека е во врска со Путин се појавија уште во 2008 година, а многумина веруваат дека му родила и близнаци. И покрај негирањето, многумина веруваат дека таа е тајната прва дама на Русија.
Иако нејзиниот портпарол рекол дека немаат никаков коментар, медиумите во април 2019 година открија дека четвртиот ВИП-кат на Медицинскиот центар Кулаков во Москва тогаш бил затворен за таа да се породи.
Приказната за тоа дека Кабаева родила близнаци, на своето веб-издание ја објави познатиот весник „Московски комсомолец“, но кратко потоа целиот напис беше избришан. Сепак, некои независни новинари објавија дека Кабаева се породила со царски рез.