Кралицата на поп-музиката, Мадона, го прослави својот 63. роденден. Во друштво на пријателите, со 36 години помладиот дечко Ахламалик Вилијамс и нејзините шест деца, таа направи журка во Италија.
Забавата на Мадона имаше византиска тематика, наречена „екстраваганца од 6 век“. Потоа на Инстаграм таа објави слики и видеа од забавата.
„Под магија на Византиската Империја“, напиша Мадона.
View this post on Instagram
Пејачката објави серија фотографии на кои е облечена во креација на Версаче.
„Нека почнат роденденските игри“, рече поп-иконата.
View this post on Instagram
Претходно таа објави и видео од пристигнувањето во Италија со приватен авион и со нејзиното момче: „Мамбо Италиано“.
View this post on Instagram