Село во Црна Гора 10. пат организира натпревар во легачење, рекорд е 52 часа

И оваа година селото Брезна  во Црна Гора традиционално организира натпревар во легачење, а победникот ќе однесе награда од 300 евра. Актуелниот рекорд во лежење е 52 часа.

Етно-селото Брезна, каде ќе се одржи натпреварот  е сместено меѓу Никшиќ и Плужине. На натпреварувачите им е забрането да стануваат. Дозволено им е да спијат,  да читаат и да јадат. Ново правило оваа година е што на секои осум часа ќе може да одат во тоалет.

Ова е единствен ваков натпревар во Европа, кој е по идеја за стереотипот кој важи за Црногорците дека се мрзливи.

„Токму поради тој мит и дојдовме на идеја за вакво натпреварување. Луѓето доаѓаат да се дружат, но и да покажат дека и со лежење може да се заработи нешто“, вели сопственикот на етно-селото Миќо Благојевиќ.

Scroll to Top