На левата фотографија е американскиот актер Пирс Броснан и неговата сопруга пред дваесет години на почетокот на бракот, а на другата страна истиот пар – денес.
На новинарско прашање како се чувствува во врска со фактот дека неговата сопруга изгледа сосема поинаку денес и има повеќе килограми, тој рече:
„Нејзините пријатели ѝ нудеа операции за да ја намали тежината. Но, мене ми се допаѓа секоја кривина на нејзиното тело. Во моите очи, таа е најубавата жена на светот. Покрај тоа ми подари пет деца. Јас порано ја сакав поради нејзината личност, не само поради нејзината убавина, а сега ја сакам уште повеќе откако стана мајка на моите деца. Многу сум горд на неа и секогаш се трудам да бидам достоен за нејзината љубов “. Пирс и Кели се 27 години во среќен брак.