Втора година по ред поради пандемијата во Битола нема да се одржи музичката вечер „Бела ноќ“. Организаторите на настанот „Широк сокак во бело“ велат дека планирале голема прослава за десеттото, јубилејно издание на манифестацијата, но дека журката ќе ја направат догодина.
„Изминатите девет години имавме преполн Широк сокак и преполн плоштад, насмеани и среќни лица. За жал, и оваа година, поради ситуацијата со Ковид-19 и пандемијата, а во интерес на здравјето на граѓаните, 10. јубилејно издание се одлага за следната година. Се гледаме наредната 2022 година на плоштадот ‘Гоце Делчев’“, соопшти организаторот.