Јелена Розга: Времето си го трошев на погрешни мажи

Хрватската пејачка Јелена Розга не зборува многу за приватниот живот, но неодамна во интервју откри дека одамна не била заљубена. Пејачката кажа дека е разочарана од љубовта и дека времето често си го трошела на погрешни мажи.

„Најголемиот луксуз што си го дозволив во животот е што потрошив многу време и енергијата на мажи, па и на луѓе што не ми беа потребни. Емоционалната инвестиција е најскапата работа и најголемиот луксуз, затоа треба да се чува“, рекла Розга.

Таа не сакала да откри дали во моментов има дечко, но рекла дека ѝ е важно партнерот дае забавен и да умее да ја насмее.

 

 

 

„Прекрасно е кога имаш некој да споделиш се со него, среќа, тага, успех и неуспех, но јас не мислам дека тоа е единствената мерка за среќа. Среќата доаѓа однатре и ако се реализираш и исполниш, некој само ќе ја дополни таа среќа, нема да ја создава наместо тебе“, рекла Јелена.

 

Scroll to Top