Саксофонистот и текстописец на реге групата „Ју би форти“, Брајан Траверс, почина од рак на 62 години, пренесоа британските медиуми. Музичарот, познат по хитовите Kingston Town и Red Red Wine, почина во својата куќа во Бирмингем, опкружен со неговото семејство.
„Со голема тага ја објавуваме веста за смртта на нашиот пријател, брат, основач на бендот ‘Ју би форти’ и музичка легенда Брајан Траверс. Брајан почина по долга и херојска битка со ракот. Нашите мисли се со сопругата на Брајан, Лесли, неговите деца, ќерката Лиза и синот Џејми. Сите сме скршени од оваа вест и ве молиме почитувајте ја потребата на семејството за приватност во овој момент“, стои во соопштението од групата.
Популарната група е основана во 1978 година во Бирмингем, Англија. Во текот на 80-тите беа еден од најпопуларните англиски бендови и имаа многу хитови на светските топ листи. Името на бендот е создадено откако се сменил на кодот на образецот за невработени Department of Unemployment во Unemployed Benefits form 40 (UB40).