Познатиот басист на групата „Меморија“, Петар Георгиевски – Камиказа, вели дека сака да се кандидира за градоначалник на град Скопје. Тој во трката за градската фотелја планира да влезе како независен кандидат, но со поддршка од политичката партија Левица.
Преку Левица вели дека ќе ги бара гласовите на младите.
„Обично не се откажувам така лесно и направив едно мало истражување, да видам каде можам да најдам начин, да ме запознаат поголем дел од триесегодишниците кои го познаваат Петре Шилегов повеќе од мене?! Испадна дека единствена политичка партија чие гласачко тело ги има токму овие гласачи е Левица. Со нивна поддршка како независен кандидат, шансите драматично се зголемуваат да се анулира разликата или, со други зборови, победата е речиси блиску. Ако кампањата која ја водам го погоди неопределеното гласачко тело победата е на праг, се разбира заедно со сите вас. Доколку вашата поддршка остане за мене како независен кандидат поддржан од Левица со радост ќе го прифатам овој предизвик во кој ќе си ги жртвувам сопствениот мир и спокој. Ете тоа е она што сакав да ви го соопштам пред два дена. За жал, друго решение нема, ова е единствено. Значи да повторам независен кандидат за градоначалник на Град Скопје, со поддршка на Левица“, напиша на „Фејсбук“ Перо.
Да се кандидирам за градоначалник? Перо Камиказа размислува за градската фотелја