Да се кандидирам за градоначалник? Перо Камиказа размислува за градската фотелја

By

Гитаристот и член на музичката група „Меморија“, Петар Георгиевски Камиказа, размислува да се кандидира за градоначалник на Скопје на наредните локални избори. Тој ги праша за мислење неговите фанови што мислат за ваквата идеја.

„Да се кандидирам или не за градоначалник на Скопје? Да се биде или не? Од вас ќе зависи. Како независен, разбира се. Фејсбук-гласање ќе ве молам за да знам дали ќе соберам доволно потписи. 48 часа ќе биде отворено гласањето. Благодарам однапред за поддршката“, напиша тој.

Тој за кратко време доби поддршка од голем број фанови. Сите му коментираа дека сакаат да го видат на местото градоначалник и дека тој ќе биде причина плус за да излезат на гласање.

„Дали би го поддржал Перо? Па секако, првин дека е спортист и маратонец, второ дека е рокер, трето дека оставил нешто вредно во музиката и четврто дека е патриот и има страст за Македонија. Значи Петар Георгиевски Камиказа за градоначалник на Скопје“, му напишаа тие.

Ќе ви се допадне

AnimeDao: Detective Conan Movie 08: Magician of the Silver Sky anime episode Full online free at https://animedao.nl attack on titan season 3 animedao

Website https://animepahe.cc: Watch A.I.C.O.: Incarnation animepahe Episode 12 anime pahe

WCOStream: Sisters of Wellber Zwei anime episode 13 online free at https://wcostream.cc wcostream dragon ball

AnimeBee Watch english anime Online in HD for FREE

Clozette: https://www.clozette.co/u/kissanimemx

Animeflixnl weebly: https://animeflixnl.weebly.com/