Најбогати бебиња инфлуенсери на Инстаграм кои заработуваат и до неколку илјади долари од објава

Повеќето инфлуенсери на Инстаграм покажуваат луксузен живот, исполнет со многу пари, луксуз и позитивна енергија. Иако сите знаеме дека ова е далеку од реалноста, сепак оваа содржина сè уште неверојатно добро проаѓа. На социјалната мрежа постои група „Богати деца од Инстаграм“ која го прикажува раскошниот живот на тинејџерите и млади во раните 20-ти години.

Како еден вид натпревар на оваа група, на најпопуларната социјална мрежа се појави ново движење „Богати бебиња на Инстаграм“. Ова се бебиња инфлуенсери, кои едвај знаат да зборуваат и јадат сами, но затоа веќе имаат милиони следбеници и заработуваат неколку илјади долари по само еден пост. 

Ова се шесте бебиња кои, според официјалната статистика, заработуваат најмногу од Инстаграм.

1. Ноа Таварес (@euamonono)

Таварес го следат еден милион луѓе на Инстаграм. Тој е на оваа мрежа е од раѓање и може да заработи и до 4.900 долари по објава.

2. Марли Грант (@theyeetbaby)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marleigh (@theyeetbaby)

Таа стана позната благодарение на видеата со нејзиниот чичко Крис, кој го води нејзиниот профил. Грант има милион следбеници и потенцијална плата од 4.655 долари по објава.

3. Халстон Блејк Фишер (@halston.blake)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HALSTON BLAKE FISHER (@halston.blake)

Фишер има над 610 илјади следбеници, а нејзината мајка ја опишува како „слатка и жива“. Маркетинг-експертите велат дека таа може да заработи 3.060 долари по објава.

4. Дру Хејзел (@drewhazeleast)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Drew Hazel (@drewhazeleast)

Таа е ќерка на американска гимнастичарка, инаку поранешна олимписка шампионка, па очите на јавноста беа вперени во неа уште од раѓање. Има над половина милион следбеници, а срцата на публиката ги освоија нејзините спонтани и искрени снимки. Според експертите за маркетинг, со една објава може да заработи околу 2.515 долари.

5. Флавија Луиз (@flavinhalouise)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Flávia Louise (@flavinhalouise)

Флавија ги собра симпатииите на повеќе од 290 илјади следбеници на Инстаграм. И потенцијалот за заработка е одличен – таа може да добие 1.167 долари по објава.

6. Мигел (@babymiguelcf)

Неговите родители го опишуваат како „мини инфлуенсер“, и најчесто го прикажуваат во нова дизајнерска облека. Има над 166 илјади следбеници и би можеле да заработат околу 780 долари по објава.

Scroll to Top