Тешка беше разделбата со Игор, Северина прозборе за разводот

По разводот од Игор Којиќ, спогодбено, по шест години брак, Северина е на одмор на Јадранско Море. Таа е таму со друштво, а на Инстаграм објавува фотографии. Северина за хрватските медиуми прозборе и за разводот со Игор.

„Одлуката за развод ја донесовме заеднички, пријателски и нема да ја коментирам понатаму. Мојата посветеност кон мојот син и борбата за старателство ми беа цело време во фокус во изминатите 20 месеци. Игор беше прекрасен партнер и секогаш поддршка за време на мојот тежок период.  Во животот му ја посакувам сета среќа на  светот.  Знам дека сум јавна личност, но не сум јавна торба. Затоа и барам разбирање. Секоја разделба е тешка и ги молам медиумите да се воздржат од пишување глупости, непроверени приказни и озборувања. Не мора да ми уништите животот, сè уште имате шанса да ми го поправите “, рече Северина за „Јутарњи лист“ веднаш по разводот во судот во Загреб.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Scroll to Top