Пандемијата на коронавирусот ги натера многумина да размислат за своите хигиенски навики, а една мајка нејќела да остави ништо на случајот, па затоа детелно го исчистила игралиштето, пред да и дозволи на ќерка ѝ да си игра.
Корисничката на Тик Ток, по име Кејтлин, ја објавила снимката од нејзината сестра, во која таа користела антибактериски спреј за чистење на тобоганот во паркот, пред да и дозволи на ќерката да се качи на него.
„Таа навистина не сака да си игра со мојата внука“, напишала Кејтлин под снимката.
@katelynmhhhshe really doesn’t play about my niece !! #covid19 #mommydaughter♬ original sound – katelynmhhh
На неа може да се види како девојчето ја држи тетка ѝ за рака и трпеливо чека мајка ѝ да заврши со дезинфекцијата. Снимката е видена повеќе од два милиони пати и наиде на голем број реакции од луѓето. Некои и порачаа дека претерала, додека други застанаа на нејзина страна.
Многумина и напишаа дека ако се плаши дека нејзината ќерка ќе собере бактерии, најдобро би било да останат дома, пренесува британски „Мирор“.
„Тие хемикалии (од дезинфекционото средство) се поштетни од бактериите во паркот, само останете дома“, и напиша еден корисник.
Друг ја праша зошто доаѓа во паркот ако е толку заштитнички настроена. Имаше и такви кои ја поздравија мајката и нејзиниот потег, додавајќи дека ковид 19 е поинаков од другите вируси и дека таа е во правш што е внимателна.