Еден од најпопуларните турски актери, Џан Јаман (31), моментално престојува во Белград. По завршувањето на деловните обврски, тој го искористи денот да ужива во шармот на главниот град на Србија, пренесуваат тамошните медиуми.
На Инстаграм се појавија фотографии од неговата посетата на еден ресторан во Земун, додека се забавуваше со своите пријатели и соработници.
View this post on Instagram
Тој на својот официјален Инстаграм профил објави видео од неговата прошетка низ најпознатата белградска улица Кнез Михајлова.
View this post on Instagram
Јаман е во врска со атрактивната италијанска водителка Дилет Леота, која италијанските медиуми ја доведоа во контакт со фудбалерот Златан Ибрахимовиќ.
Роден е на 8 ноември 1989 година во Истанбул, како единствено дете во семејството. Покрај тоа што е актер и модел, тој е адвокат и своја адвокатска канцеларија. Завршил италијанско средно училиште, каде што бил најдобар во класот, па затоа течно зборува италијански. Како студент за размена, живеел во САД некое време, но потоа се вратил во Турција и се запишал на Правниот факултет, каде што дипломирал во 2012 година.