Глумецот Андрија Милошевиќ го посети островот Аруба во јужниот дел на Карипското Море. Друшво на одмор му правеше десет години помладата девојка, глумицата Александра Томиќ.
Тие објавија фотографии и видеа од вилата во близина на венецуелскиот брег, со спектакуларен поглед на море.
Андрија и Александар важат за еден најхаризматичните актерски парови и често ги забавуваат нивните фанови со видеа и фотографии. Двајцата се во врска веќе девет години, но, ретко говорат за тоа во јавност.
View this post on Instagram
Глумецот откри дека еден ден сака да има деца и да стане татко, но, како и Александра, ни тој не верува во институцијата брак. Велат дека се среќни што се пронашле еден со друг.
„Како и сите луѓе, мораме да правиме компромиси. Водиме доста брз живот и немаме време многу да се караме и да се расправаме. Туку како и сите парови се вклопуваме во зададените ситуации што животот ни ги наметнува. Се случува да не се видиме по два дена, но затоа во останатите пет гледаме да поминеме по неколку часа заедно. Ние не си ги отежнуваме нештата еден на друг, туку си го живееме животот онака како што сакаме. Нам ни недостига заедничко време, но на крај сè се вклопува. Имаме време да одвоиме и за пријателите и за нас“, рече Андрија.