Сопственикот на викторијанска куќа во Сан Франциско, стара 139 години, ја качил на камион за да ја пренесе на друга адреса, неколку блока подалеку од првичната локација. Тим Браун не сакал да ја урне куќата, туку да продолжи да живее во неа. Браун ја купил куќата во 2013 година. Сега, на локацијата каде што се наоѓала таа сака да изгради комплекс со 47 станови.
„Куќата е од 480 квадратни метри и беше вистински предизвик да ја пренесеме“, рекол тој за медиумите, откако добил дозвола од градот да ја дислоцира.
Поради преместувањето на куќата, работниците морале привремено да тргнат неколку столбови за улично осветлување, семафори и десетици сообраќајни знаци.