По седум години робија, властите во Либија го ослободија синот на Муамер Гадафи, Сади, од затворот во Триполи. Откако излезе Сади, тој веднаш заминал за Турција, пишуваат медиумите.
Сади Гадафи беше познат по тоа што живееше како плејбој, додека неговиот татко беше власт. Исто така тој беше и професионален фудбалер, а побегна во Нигерија по бунтот кој се крена против неговиот татко, пренесува „Гардијан“.
Сади бил пронајден и испорачан во Либија во 2014 година и од тогаш тој се наоѓаше во затворот во Триполи. За време на бунтот протиф Гадафи, тројца од неговите седум синови беа убиени. Од тогаш земјата е во целосен хаос, додека во меѓувреме сите ривалски фракции се борат за власт.
Владата од национално единство е воспоставена во мрат, во рамки на мировните акции.