Раперката Карди Би и Офсет станаа родители

Американската раперка Карди Би и нејзиниот партнер Офсет добија син. Тие објавија заедничка фотографија од болницата, но не го открија името. Карди само го напиша датумот на раѓање.

„Постои нешто волшебно околу бременоста. Имам чувство дека започнувам ново поглавје во животот“, рче таа неодамна во интервју за People.

Двојката се венчаше тајно во септември 2017 година, а Карди по неверството на Офстед, минатата година ги поднесе документите за развод. На крајот се предомисли, а потоа и остана трудна со нивното второ дете.

Карди често ги снимаше песните, споовите и правеше провокативни фотографии и за време на бременоста. Таа е позната по својот специфичен стил на облекување со дијаманти и додатоци за нокти, а често знае да купи и скапи облеки и модни додатоци за својата тригодишна ќерка.

 

 

Scroll to Top