Актерот и шоумен Игор Џамбазов сними спот за новата песна Love is so good. Денес ја промовираше на „јутјуб“, а во него можат да се видат и некои од уметничките дела на Илина Арсова.
Спотот го работеше со Сашко Потер Мицевски, а во музиката учествуваа и Гуру Харе на гитара, клавијатуристот Дамир Имери и басистот Оливер Јосифовски.
„Со Сашко Потер го завршивме спотот за мојата песна Love is so good, а премиерата на „Јутјуб“ ќе биде на 8ми септември, на празникот“, напиша Игор.
View this post on Instagram