Северна Кореја одржа парада во заштитни одела за 73. роденден на државата

Со воена парада, Северна Кореја одбележа 73 години од основањето на државата. Војниците и работниците маршираа во заштитни одела, имаше трактори, пожарникарски возила и огномет но овој пат немаше балистички проектили како претходните години. На парадата присуствуваше и лидерот на државата, Ким Џонг-ун.

Бидејќи  луѓето на парадата носеа портокалови заштитни одела и гас-маски, аналитичарите велат дека ова најверојатно значи дека земјата формирала специјални сили за спречување на ширењето на короната.

Официјално, во Северна Кореја до 19 август не е пријавен ниеден случај на коронавирус во Светската здравствена организација. Критичарите сметаат дека тоа е малку можно, бидејќи се тестирани повеќе од 37.000 луѓе, но нема ниеден позитивен тест.

Scroll to Top