„Пред несреќата ми рече дека сака да скокаме со падобран во Дубаи“, сопругата на Шумахер во новиот документарец за „Нетфликс“

 

Сопругата на легендарниот Формула 1 шампион Михаел Шумахер, Корина, за првпат по осум години од несреќата, во разговор за новиот документарец на „Нетфликс“ зборуваше за неговата состојба. Во документарецот кој треба да излезе на 15 септември таа рече дека никогаш не го обвинила господ за несреќата која тој ја доживеа за време на скијање на Алпите.

„Ми недосига Михаел секој ден, но, не само на мене туку и на моите деца, семејството, татко му, на сите кои му беа блиски. На сите ни недостига, но тој сè уште е тука. Сè уште секој ден ни покажува колку е јак“, рече Корина.

Таа откри дека пред несреќата тој ѝ се пожалил на условите и ѝ рекол дека можеби требало да заминат на одмор на друго место.

„Пред да се случи несреќата, тој ми рече дека условите се лоши и дека можеби е подобро да заминеме на одмор во Дубаи и таму да скокаме со падобран. Тоа беше една од последните работи кои ми ги кажа“, рече Корина.

Од несреќата на Шуми минаа осум години, а од тогаш тој постојано е во кома. Неговото семејство се грижи за него во нивниот дом во Швајцарија, но ретко зборува за неговата состојба. Во документарецот Корина зборуваше и за нивните најтешки денови.

„Неговите трки секогаш завршуваа среќно. Верувам дека има некој ангел чувар кој го држи на око. Можеби сум била наивна или тоа е некој одбранбен ѕид кој го имам изградено околу себе, но никогаш не помислив дека  може да му се случи вакво нешто. Никогаш не го обвинив господ за оваа несреќа. Тоа едноставно беше несреќен случај, кој можеше да му се случи секому“, рече Корина.

Таа рече дека не сакала да зборува јавно за состојбата на Шумахер, затоа што тој секогаш сакал да си ја сочува приватноста. Таа откри дека семејството живее заедно и дека сите внимаваат на него и помагаат околу терапијата.

„Се обидуваме како семејство да продолжиме понатаму, како што го правеше тоа Шумахер и како што сè уште го прави. Живееме заедно. Помагаме во терапијата. Правиме сè за на Шумахер му биде подобро и поудобно. Приватно е приватно, така тој секогаш говореше. Затоа ни е важно и понатаму да ја ужива приватноста колку е можно повеќе. Михаел секогаш нè штитеше нас, а сега ние го штитиме него“, рече таа.

За потсетување, Корина и Михаел се венчаа во 1995 година и имаат две деца, Џина (24) и Мик (22), кој го наследи татко му во Формула ѝ. И двајцата исто така ги има во документарецот.

„Мислам дека тато и јас сега би се разбрале на поинаков начин. Имаме многу за што да разговараме. Би дал сè за тоа да биде можно“, рече Мик.

 

Scroll to Top