Нека е жив и здрав, па се гледаме на суд, рекоа жртвите на Мика Алексиќ, по одлуката на судот да му го укине притворот

Жалбениот суд во Белград му го укина притворот на професорот по глума, Мирослав Мики Алексиќ (69) и му одреди домашен притвор со електронски надзор. Мирослав беше обвинет за силување и вознемирување на неколку негови ученички во неговото школо.

Тој мина осум месеци во притвор во Централниот затвор во Белград, откако некои од неговите ученички, меѓу кои Милена Радуловиќ, Ива Илинчиќ и уште неколку девојки, го обвинија за сексуално вознемирување.

„Само да е жив и здрав, па се гледаме во судница“, му порача Ива преку медиуми на Алексиќ. Нејзината пријателка Милена не сакала да ја коментира одлуката на судот.

Според обвинението, Алексиќ е обвинет за четири кривични дела силување, од кои две во продолжено трање и пет кривични дела сексуално вознемирување, од кои две точки се квалификувани во продолжено траење.

 

 

 

Scroll to Top