(Галерија) Бен Афлек и Џенифер Лопез за првпат заедно на црвениот тепих, холивудската двојка ги воодушеви сите на филмскиот фестивал во Венеција

По големото смирување во април, познатата двојка Џенифер Лопез и глумецот Бен Афлек, за првпат се појавија заедно на црвениот тепих, на Филмскиот фестивал во Венеција, на премиерата на филмот „Последниот дуел“.

Со нивните стајлинзи и заљубеност, тие ги воодушевија сите присутни и веќе добија голема поддршка од фановите. За овој настан, двајцата одбраа гламурозни тоалети. Бен носеше класично црно оддело и воодушеви со својот заводнички изглед.

Џенифер се појави во бел фустан со длабоко деколте кој и ги истакнуваше градите. Интересен беше деталот со накитот кој беше дел од тоалетот. Фустанот е на либанскиот дизајнер Џорџес Хобеика. Неговите фустани чинат околу 7000 евра.

Накитот пак и беше од брендот Cartier, а торбата од брендот Judith Leiber.

 

Scroll to Top