Кејт Мидлтон не е видена во јавност веќе 60 дена, а британските таблоиди шпекулираат дека војвотката не излегува затоа што е бремена. Таа последен пат е видена на 11 јули кога се појави на финалето на Европското првенство во фудбал со Вилијам и синот Џорџ.
Оттогаш никој ја нема видено во јавност, па многумина сметаат дека тоа е затоа што таа и Вилијам чекаат уште едно бебе. Има и такви кои не веруваат во ова и сметаат дека Кејт е оправдано отсутна заради стресот кој го доживеала пред сè поради Хари и Меган.
Тие велат дека и обврските околу поаѓањето на нејзините деца во школо, но и преселувањето во замокот Виндѕор исто така дополнително го згуснал нејзиниот распоред.
Сепак повеќето се убедени дека таа е бремена и велат дека тоа е многу поверојатно, ако се земе во предвид нејзината претходна бременост и проблемите кои таа ги имала со желудникот.
„Кејт веројатно е во рана бременост и дека сега има мачнини поради кои не излегува од дома“, велат некои од нив.
На некои постари фотографии Кејт може да се види дека има пуштено стомак, па и тоа многумина го протолкуваа како можност дека сопругата на принцот Вилијам чека уште едно бебе. Кејт не објавила ниту една фотографија на Инстаграм од 6 август.
Последната и е кога била во посетата на неколку преживеани жртви од Холокаустот, но, многумина веруваат дека и оваа фотографија е постара и дека е направена уште во јануари годинава.
View this post on Instagram