Францускиот претседател, Емануел Макрон, беше погоден со јајце во глава, за време на неговата посета на францускиот град Лион. За среќа јајцето не се скрши. Макрон беше нападнат за време на посетата на Интернационалниот саем за хотели, угостителство и храна во Лион.
Јајцето се одби од главата на францускиот претседател и не се скрши. „Да живее револуцијата“, викна човекот кој го фрли јајцето. Мажот беше облечен во бермуди и брзо беше совладан, уапсен и изнесен од зградата од обезбедувањето на Макрон.
Емануел Макрон беше во друштво на тројца членови на владата: Ален Грисет, министер за мали и средни претпријатија, Женан-Батист Лемојн, државен секретар за туризам и Жулијан Денорманди, министер за земјоделство, пишува „РТ Франс“.
Ова не е првпат Макрон да биде цел на оние што не го поддржуваат. За време на патувањето во внатрешноста на Франција на 8 јуни, еден човек му удрил шлаканица. Тој беше осуден на 18 месеци затвор, од кои отслужи само четири.
Au #sirha2021, @EmmanuelMacron victime d’un jet d’oeuf. Le projectile a rebondi sur l’épaule du Président de la République. Le jeune homme a été interpellé par le service d’ordre – IMAGES LYONMAG pic.twitter.com/n10POB2MEn
— Lyon Mag (@lyonmag) September 27, 2021