Во Русија се појавија шпекулации дека претседателот Владимир Путин бил нападнат од мечка за време на својот одмор во Сибир. Од Кремљ негираа и велат дека тоа биле само шпекулации.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Пешков, дури и се пошегувал и им одговорил на новинарите: Ма дајте, ве молам, па и мечката може да види дека станува збор за Путин“.
Путин и министерот за одбрана, Сергеј Шојгу, возеле теренски возила и ловеле риба во деловите покрај границата со Монголија. Таму има околу 200 мечки, пренесуваат руските медиуми. Додека ги возеле теренските возила, тие за малку ќе прегазеле стадо елени.
„Се движеа со толкава брзина како да треба да учествуваат на олимписки игри“, му рекол Путин на Шојгу.