Скопјанецот Омар Џаферовски е новата ѕвезда на „Гранд“, Марија Шерифовиќ му се налути оти не ја избра за ментор

Скопјанецот Омар Џаферовски е новата ѕвезда во Гранд, а по настапот Марија Шерифовиќ му се налути затоа што тој на крајот не ја избрал за нејзин ментор.

Иако сите очекуваа Омар да ја избере Шерифовиќ, тој се одлучи за Ѓорѓе Давид. Скопјанецот освои пет гласови и можеше да избира меѓу Марија, Ана или Ѓорѓе, додека Вики и Цеца се откажаа.

Според правилата пејачот не може да избира кандидат туку Саша Поповиќ треба да му додели, но, директорот овој пат направи исклучок, а изборот на Омар не ѝ се допадна на Шерифовиќ.

„Знам дека сака кај Марија, затоа не го ни прашав“, рече Поповиќ, а Марија коментираше: „Блокирајте го Огнен кај мене на Инстаграм, Фејс, Воцап и секаде“, алудираше на тоа што неговиот другар не ја избра неа за негова менторка.

Омар доби поддршка и од Огнен Здравковски кој рече дека му помогнал да ги избере песните.

„Малку вежбав со него и му помогнав да се подготви за она што го чека на сцената“, рече Огнен.

 

 

Scroll to Top