Светскиот шампион Мани Пакјао се повлече од боксот и се кандидира за претседател на Филипини

Боксерот Мани Пакјао (42) објави дека се повлекува од спортот за да се фокусира на политичката кариера. Светскиот првак во повеќе категории најави дека ќе се кандидира за претседател на Филипини на изборите што ќе се одржат догодина.

Пакјао ја имаше последната борба минатиот месец во Лас Вегас.

„Повлекувањето од боксот беше најтешката одлука во мојот живот. Боксот ми даде шанса да се извлечам од сиромаштија и да постигнам многу во животот“, изјави тој по крајот на мечот.

Пакјао ја освои првата од 12. светски титули во 1998 година на 19-годишна возраст. Во кариерата оствари 62 победи, имаше осум порази и две реми борби. Во политиката влезе во 2010, кога стана пратеник во долниот дом на филипинскиот конгрес.

Scroll to Top