Убавата коса и уредната фризура е нешто за што сонуваат сите жени. Особено е важно кога имаме важен настан или состанок како да ја уредиме косата да биде убава и да изгледа добро уредена. За да заштедите време и пари, но и да ја одржите вашата коса здрава и сјајна, најдобро би било да го погледнете трикот што воодушеви над 20 милиони жени ширум светот.
Најпрво треба да ја поделите косата на два дела, а потоа да ставите крпа како на видеото и да ја прицврстите со шнола. Почнете да го виткате предниот дел на косата околу крпата, полека фаќајте ги прамените дел по дел и врзувајте ги во крпа, сè додека не ја свиткате целата должина (од едната страна).
Откако ќе ја завиткате едната страна околу крпата, врзете ја со ластик за да не падне и префрлете се на другата страна. Повторете ја истата постапка и со другата страна, откако ќе го направите тоа, обидете се да ги поврзете двата дела со шнола, исто како и на видеото.
По неколку часа, извадете ја крпата и погледнете го ефектот на лесните, но луксузни кадрици, кои изгледаат како да сте го посетиле најдобриот фризер. Препорачливо е да ја направите оваа техника пред спиење и ќе оставите да стои така преку целата ноќ. На овој начин ќе направите вашите кадрици да изгледаат што е можно подобро и трајно. Важно е косата да е свежо исушена, а не фенирана и секако да е чиста.