Земјата не сјае од вселената како порано и тоа е последица на климатските промени, велат научниците

Група истражувачи повеќе од две децении ја проучувале вселената и нашата планета, а резултатите до кои дошле велат дека не се нималку убави. Тие откриле дека Земјата не е така сјајна како некогаш што била и дека во последните неколку години таа станува сè потемна.

Истражувачите од Соларната опсерваторија „Големата мечка“ ги мереле промените секоја вечер во последните 20 години, за да го проучат сончевиот соларен циклус и облачноста.

Тоа го правеле мерејќи ја силината на земјениот сјај, феномен кој може да се види кога отсјајот на Земјата ќе падне на темната страна на Месечината и ќе ја одбие светлината од својата површина.

Од НАСА велат дека количината на земјениот сјај варира во зависност од годишното време и од ноќ во ноќ. Набљудувачите тоа го гледаат како пепел светлина на темната страна на Месечината. На северната хемисфера ова е најочигледно во месеците на пролет и во деновите околу младата месечина.

„Додека гледате во младата месечина, можете да ја видите целата месечина, затоа што нејзините три четвртини се осветлени со слаба светлина, која се рефлектира од Земјата“, објаснува Филип Гуди, истражувач од Технолошкиот институт во Њу Џерси и водечки автор на новата студија.

По 20 години проучувања, тој и неговите колеги откриле дека оваа морничава светлина почнува да бледее. Тоа всушност е сончева светлина која се одбива од Земјата и тоа е она што станува сè потемно“, вели Гуди.

 

Земјата сега рефлектира околу половина волти помалку светлина по квадратен метар, отколку пред 20 години, што е еквивалент за 0,5% помалку рефлексија на Земјата. Земјата рефлектира околу 30% сончева светлина која допира до неа.

Во првите 17 години податоците изгледале помалку или повеќе исто и истражувачите речиси се откажале од понатамошно набљудување.

„Размислувавме дали да се откажеме и во последните три години да не ги следиме промените. Затоа што изгледаше исто како и пред 17 години. Но, на крајот одлучивме да продолжиме и можам да кажам дека се изненадивме“, рече Гуди.

Кога ги анализиравме податоците добиени во последните три години сфативме дека нешто се има променето. Рефлексијата падна драстично, а прво што помисливме беше дека сме направиле нешто погрешно. Проверувавме повторно и повторно и на крајот се утврди дека е дојдено до некакви промени“, рече Гуди.

„Забележавме дека податоците не се поклопуваат со варирањето на силината на сончевата светлина, поради неговите соларни циклуси, што значи дека причината била нешто друго“, објасни тој.

Тие забележале дека облачноста е значително помала. Сончевата светлина се одбива од горната површина на облаците и се рефлектира назад во вселената. Кога ќе дојде до намалување на облачноста, повеќе сончева светлина паѓа на површината на Земјата.

„Поради тоа што  Земјата сè помалку рефлектира светлина, таа станува сè потопла, затоа што повеќе светлина паѓа на нејзината површина“, објасни Гуди.

Најголемиот пад на облачноста е забележан на западните брегови на Северна и Јужна Америка, во истиот регион во кој температурите на површината на морето пораснале поради промените на климатските услови, кои се нарекуваат и Пацифички декадни осцилации.

Овој термин се користи за да се објаснат долгорочните флуктации на температурата на Тихиот Океан. Океанот се загрева и лади на различни места, што има директно влијание на млазните струи. Овие промени на млазните струи влијаат на временските прилики и климата.

„Особено ширум западниот брег на Северна и Јужна Америка. На западниот брег на Америка ниските облаци исчезнуват и се пробива повеќе сончева светлина, па поради тоа се утврдило дека рефлексијата на Земјата опаднала“, рече Гуди.

Тој рече дека тоа има директно влијание на брзото загревање на Земјата.

„Се разбира, Земјата добива дополнителен половина ват по квадратен метар, но што прави Земјата  со оваа енергија, можеме само да претпоставуваме“, додал тој.

Кои се последиците од климатските промени досега?

Климатските промени ја дестабилизираат температурната рамнотежа на Земјата, а човекот и животната средина веќе ги почувствуваа нивните далекусежни последици. За време на глобалното затоплување, енергетскиот баланс, а со самото тоа и температурата на Земјата се променија поради зголемената концентрација на гасови од стаклената градина.

Директните последици од климатските промени се:

– зголемување на максималните температури, зголемување на минималните температури, растот на нивото на морето, растот на температурата на океанот, зголемени обилни врнежи (силни дождови и град), намалување на глечерите, одмрзнување на пермафростот (вечниот лед)

Индиректните последици на климатските промени се:

– Сè поголем број на гладни и жедни, особено во земјите во развој, загрозено здравје поради високите температури на воздухот и топлите бранови, зголемено ширење на штетниците и патогените, губење на биодиверзитетот поради ограничената прилагодливост и брзината на приспособливоста на флората и фауната, зголемената киселост на океаните поради зголемената концентрација на бикаброна во водата, предизвикана од зголемената концентрација на јаглерод-диоксид, потреба за адаптација во сите области (земјоделството, шумарството, енергетиката, инфраструктурата, туризмот).

 

 

 

 

 

Scroll to Top