Џиленхол за секс-сцените со Анистон: Тоа за мене беше мачење

Познатиот холивудски глумец Џејк Џиленхол во емисијата The Howard Stern Show отворено говореше за снимањето на филмот „Добра девојка“, во која сними неколку секс-сцени со познатата глумица Џенифер Анистон.

Тој рече дека Анистон му била симпатија во 2002 година кога го снимале филмот во кој тие глумеле љубовници, пренесува „Индепендент“.

„Снимањето на овие сцени во кои имаше секс беше мачење за мене. Но, во исто време и не беше. Мислам дека тоа беше некаква комбинација на двете“, рече глумецот и додаде дека тие сцени за него биле незгодни затоа што во тој момент ги гледале од 30 до 50 луѓе.

„Тоа не ме пали. Сето тоа беше необично за мене, механичко. Тоа е како танцувањето, изведувате кореографија за камерата“, рече Џиленхол.

Тој ги спореди овие сцени со сцените со тепање. Глумецот на крајот рече дека Анистон му предложила за време на снимањето на сексот да користат перници.

„Тоа беше превентивно и користевме перници во хоризонтална положба. Беше многу убаво од нејзина страна што предложи такво нешто пред да почнеме да снимаме. Ми рече да ја ставам перницата меѓу нас двајцата“, раскажа Џејк.

Кога рече дека бил затрескан во ѕвездата од „Пријатели“, Џиленхол откри како му било да се работи со неа.

„Да се работи со неа беше лесно. Тоа е сè што можам да кажам. Беше убаво. Не беше тешко, на тоа мислев“, се пошегува глумецот.

 

 

 

Scroll to Top