Угина горилата Ндакаси, чие селфи стана интернет сензација

Планинската горила Ндакси, која стана хит на интернет откако во 2019 година позираше за селфи -фотка со нејзиниот старател Андре Баума, угина на 14 години. Од националниот парк Вирунга во Конго велат дека Ндакаси била болна подолго време и дека угинала во рацете на Баума.

„Ндакаси беше згрижена во паркот повеќе од една деценија. Таа угина во рацете на својот старател и долгогодишен пријател Андре Баума“, соопштија властите на паркот.

Баума се грижел за Ндакаси уште откако ренџери ја пронашле како виси на телото на нејзината мртва мајка во 2007 година. Тогаш горилата имала само два месеца. Бидејќи била мала за да ја вратат во дивина, Ндакаси остана да живее со останатите горили сираци во центарот Сенкекве. Ова е единствената установа на светот која се грижи за планинските горили сираци.

Ндакаси низ годините се појави во неколку ТВ-серии и документарни филмови

 

Scroll to Top