Глумицата Џејми Ли Кертис отворено говореше за опасностите кои ги крие секоја пластична операција и за наметнатите идеали за убавина. Таа и на своја кожа го почуствувала тоа.
„Денешниот тренд со филери, операции и опсесијата со филтрирање на фотографии, сето тоа што го правиме за да го прилагодиме нашиот изглед на „Зум“, едноставно брише генерации и генерации на убавина. Еднаш кога ќе промениш нешто на твоето лице, тоа не можеш да го поправиш. Поради тие операции се навлеков на таблетите „Викодин“. Сега фала богу сум чиста цели 22 години“, рече Кертис.
Таа отворено зборуваше и за тоа дека била зависник од алкохолот и таблетите и дека почнала да ги пие по операцијата на очите.
„Природно имам отечени очи. Ако ги погледнете моите фотографии од детството, изгледам како да немам спиено со денови. Секогаш сум била таква. Еднаш снимавме сцена во судница, со високо поставено флуоресцентно осветлување, а камерманот ми рече дека не сака да снима тој ден, затоа што очите ми биле премногу подуени. Бев исплашена и посрамотена, па по снимањето отидов на рутинска операција“, рече Кертис и додаде дека била и на ботокс и на липосукција, но, дека ништо од тоа не и помогнало.