Препорачаното време за чување на маската на лицето обично варира помеѓу 10 и 30 минути. Дерматолозите советуваат да не се надминува ова време на било кој начин, бидејќи може да предизвика иритација, црвенило и лупење на кожата. Во секој случај, кога купувате маски, најдобро е да ги следите упатствата дадени од производителот.
Понекогаш може да се случи да заборавиме дека сме ставиле маска на лицето, така што таа останува на нашата кожа подолго отколку што треба. Ова е само една од грешките што ги правиме кога користиме маска за лице.
Без разлика дали ја користите маската за лице дење или ноќе, експертите предупредуваат дека ова се најчестите грешки кои ги прават жените, а последиците од нив можат да бидат непријатни и лоши за нашето здравје.
1. Ја оставате маската на лицето подолго отколку што е потребно
На пакувањето на секоја маска за лице, напишано е колку долго треба да стои откако ќе ја нанесете на кожата. Некаде е 10 минути, некаде подолго. Важно е да се почитува напишаното и да се отстрани маската на време. Во спротивно, може да има негативен ефект, како на пример да предизвика иритација на кожата, да ја исуши, а не се исклучени и други понасилни реакции.
„Ако тоа се случи, брзо измијте со топла вода и не користете други производи додека не помине. Она што можете да го направите е да нанесете тенок слој крем кој ќе ја смири кожата, како вазелинот, и да избегнувате изложување на кожата на сонце“, сугерира д-р Белкин.
2. Не ја чистите кожата пред да ја нанесете маската
Многу е важно добро да го измиете лицето пред да ја нанесете маската и на тој начин да ги отстраните вишокот маснотии и нечистотии што се наталожиле врз неа. Ова ќе спречи нечистотијата да стигне до вашите пори, а исто така ќе ја подобрите апсорпцијата на самата маска.
„Ако имате наталожено масло, шминка или крема за сончање врз вашата кожа, тоа може да создаде бариера што ќе ја направи маската помалку ефикасна“, објаснува д-р Белкин.
3. Користите маска што не одговара на вашиот тип кожа
Маските со хидрантни состојки како што се глицеринот или хијалуронската киселина обично се добар избор. Меѓутоа, некои од нив содржат парабени кои можат да имаат лош ефект врз кожата – објаснува Пол Јарод Френк, дерматолог од Њујорк.
„Глинената маска, на пример, може да предизвика иритација доколку се остави подолго од препорачаното, маските за чистење на кожата, исто така, можат да предизвикаат проблеми. Потребна е претпазливост кога станува збор за пилингот, бидејќи тие маски можат да доведат до прекумерно лупење на кожата, потенцира тој.
4. Не ги менувате маските според сезоната
Негата на кожата зависи и од сезоната.
„Во зима, хидрантните маски се најпотребни, додека во лето, маските со активни супстанции како што е гликолна киселина се поидеални“, вели д -р Белкин.
5. Не нанесувате навлажнувачки крем по отстранување на маската
Маската за лице не е замена за хидратантна крема.
„Повеќето маски за лице ја хидрираат кожата со вода и навлажнувачи (глицерин, хијалуронска киселина). За да може да ја задржи влагата, после маската, задолжително нанесете крем прилагоден на типот на вашата кожа.